Поранешниот директор на Здравствен дом Охрид, Митко Дабески, по четири месеци бегство утрово и се предал на полицијата.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека Дабески е предаден во Основниот суд во Охрид, каде му е изречена мерка притвор од 30 дена.
Дабески, со уште двајца вработени, шефот на сметководство и благајникот, во медицинската установа во февруари годинава беа осомничени за криминал од околу 7,5 милиони денари.
Финансиската полиција ги товари за „проневера во службата“, „поттикнување“, „помагање“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“. Во периодот од 2010 до 2014 година тројцата осомничени подигале готови средства уплатени за партиципација од пациентите со што го оштетиле буџетот на ЈЗУ Здравствен дом Охрид за над 7,5 милиони денари.
Извор: Нет Прес