Притворен албански државјанин поради фалсификување исправа

На 14-ти јуни околу 10,00 часот на Граничниот Премин Свети Наум-Охрид на влез во Република Македонија приведен е М.Д.(31) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение дека неговата патна исправа и возачката дозвола се фалсификувани.

Против истиот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, а од страна на Основен Суд-Охрид одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.