Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот денес во Софија, Бугарија ќе организира „Денови на македонскиот туризам”.
Како што информираат од Агенцијата, настанот се организира со цел афирмација на започнатата туристичка сезона, да им се претстави туристичкиот производ од Македонија и можност за зголемување на бројот на Бугарски туристи кои традиционално секоја година ја посетуваат нашата земја.
Настанот ќе биде збогатен со дегустација на македонско вино, македонска музика и пригодна наградна игра, а најсреќните ќе имаат можност да бидат добитници на автентични производи од Македонија, тоа се охридските бисери, филигранот со македонски рубин и се разбира викенд во Охрид за двајца.
Македонија и Бугарија како две соседни земји имаат многу заеднички работи, земјичија сегашност и чија историја се нераскинливо поврзани. Една од нив е туризмот, односно туристичката размена. Соработката меѓу Македонија и Бугарија е нависокониво, заштосенадевамдекаоваатенденцијанапорастна туристичка размена ќеостане и воиднина.
Успешните промотивни активности на АППТРМ на туристичкиот пазар во Бугарија, позитивно се одразија на зголемување на број на туристи од Бугарија кои во последните неколку години изнесува повеќе од 15%.
Со оглед на тоа дека бројот на туристи од година во година расте, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе продолжи и понатаму да ја дава потребната поддршка на странски тур оператори преку доделување на субвенции за странски туристички промет во државата.
Но, тоа не е единствениот фактор кој придонесе за пораст на бројот на туристи во Македонија од Бугарија. Неколку години по ред се реализира медиумка кампања која се покажа како успешна и продолжуваме со исто темпо и оваа година. Започнавме со билборд кампања, медиумска кампања во печатените медиуми, дневните весници Труд, 24 часа и Стандард како и промоција на македонските туристички потенцијали и на Националното Бугарско радио.
Следејќи ги светските трендови Владата на Република Македонија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот преку проектите кои се во фаза на реализација и нови предвидени проекти дејствуваме во создавање услови за унапредување на туристичкиот производ и значително збогатување на понудата и туристичките содржини.
Македонскиот туристички производ станува поконкурентен на светскиот пазар и се зголемува туристичкиот промет во државава. Македонија располага со неверојатен потенцијал. Ја нарекуваат колевка на културата, раскрсница на цивилизациите, изобилува со природа каде може да се види и огромниот потенцијал за развој.
Извор: Нет Прес