Продолжувајќи ги своите активности за непосреден контакт со граѓаните, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески утре ќе оствари средба со граѓаните на терасата од кафетеријата Летница, во периодот од 9 до 13 часот.
Во неформална атмосфера, граѓаните ќе имаат можност да разговараат со градоначалникот, да ги изнесат своите гледишта за актуелностите во градот и да побараат активност на локалната самоуправа за надминување на одредени состојби.