Непосредни средби на градоначалникот Бакрачески со граѓаните

Продолжувајќи ги своите активности за непосреден контакт со граѓаните, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески утре ќе оствари средба со граѓаните на терасата од кафетеријата Летница, во периодот од 9 до 13 часот.

Во неформална атмосфера, граѓаните ќе имаат можност да разговараат со градоначалникот, да ги изнесат своите гледишта за актуелностите во градот и да побараат активност на локалната самоуправа за надминување на одредени состојби.