ДЗС: Лани 34 507 носители на домаќинства се корисници на социјална парична помош

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот број на малолетни корисници на социјална заштита во 2014 година изнесува 13859, додека вкупниот број на полнолетни корисници на социјална заштита изнесува 37083.

Од правата на социјална заштита за малолетни и полнолетни корисници, услугите на социјалната заштита учествуваат со 75.5%. Гледано одделно, по услуги на социјална заштита, правата за социјална парична помош се најмногу застапени со 58.3%, односно со 44.0% од вкупната социјална помош.

Во 2014 година, 34507 носители на домаќинства (број на домаќинства) се корисници на социјална парична помош.

Со истражувањето спроведено во 2014 година, покрај 4 државни установи-домови за возрасни лица, опфатени се и 16 приватни установи-домови за возрасни лица.