ЈП „Охридски Комуналец“, ги известува граѓаните на Општина Охрид дека уре (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14 „Радојца Новичиќ“.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Согласно годишниот календар за годинава, оваа акција е последна акција од пролетниот циклус. Следниот есенски циклус ќе продолжи да се реализира од месец септември оваа година.