Заврши меморијалниот фудбалски турнир во Лескоец

Финалето од меморијалниот турнир кој се одржува во чест починатите фудбалери од Лескоец, Љупчо Цветаноски – Шенгелија и Јордан Башукоски – Пипер, се одигра синоќа на спортското игралиште во селото Лескоец.

Првото место на турнирот го освои екипата на АСП – ПАК, која во финалето ја победи екипата на Кадмо Бар со 5:2. На трите прво рангирани екипи им беа доделени медали и пехари и соодветни парични средства.

Градоначалникот Никола Бакрачески кој присуствуваше на финалето од турнирот, на победниците им го врачи пехарот и медалите.

Оваа година општина Охрид турнирот го поддржа финансиски и материјално.