Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2014 година, на територијата на Република Македонија се регистрирани 1 075 бесправно изградени објекти.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 196 објекти за домување1) (18.2%), 176 доградби, надградби и адаптации (16.4%), 74 деловни објекти (6.9%), 80 гаражи (7.4%), 145 огради (13.5%), 12 скалила (1.1%), 45 тераси (4.2%), 8 летни тераси (0.7%), 102 настрешници (9.5%), 101 времен објект (9.4%) и 136 помошни објекти (12.7%).
Најголем број бесправно изградени објекти (97.5%) се во приватна сопственост.