Денес календарски започнува летото

На северната Земјина полутопка денес 21-ви јуни календарски започнува летото и ќе трае до 22-ри септември кога почнува есента. Во исто време за жителите на јужниот дел на Земјината полутопка почнува зимата.

Летото почнува во 18:39 чaсoт, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка.

За првиот летен ден метеоролозите најавуваат променливо облачно време со услови за врнежи од дожд, со температура до 22 Целзусови степени.