Деловни тенденции во преработувачката индустрија, мај 2015

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2015 година е за 2.1 процентен поен зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на мај 2014 година е зголемен за 4.8 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2015, во однос на април 2015 година е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, додека залихите на готови производи сe намалени.

Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на мај 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2015 година изнесува 63.7% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24.8%, недостигот на квалификувана работна сила со 24.3%, недоволната домашна побарувачка со 23.7% и финансиските проблеми со 6.1%.