Откриени 129 комплети од кутија за прва помош, елек и триаголник

Од Царинската Управа информираат дека 129 комплети од кутија за прва помош, елек и триаголник, за различни патнички автомобили, откриени се при контрола на македонски автобус, што сообраќал на релација Дортмунд – Охрид, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените производи се пронајдени во патните торби на македонски државјанин, патник во автобусот.