Холандскиот магазин „Columbus Travel“ веќе подолго време го следи Охрид.
Мотото на магазинот е: „Место од каде можете да добиете инспирација за патување, создадено од и за патниците“.
Покрај Охрид, овој магазин има објавено фотографии и написи за Струга, Битола, Скопје, за Охридското Езеро од македонска и од албанска страна.
Охрид со својот сјај отсекогаш го привлекувал и ќе го привлекува вниманието на пошироката светска јавност, а ваквите написи се голем плус за Охрид и за Македонија.
WebOhrid