Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со г-дин Никос Коѕиас, министер за надворешни работи на Република Грција.
На средбата беше истакната потребата и заложбата за континуирано унапредување на добрососедските односи.
Соговорниците ги поздравија и дадоа позитивна оценка за мерките за градење на доверба помеѓу двете земји.
Двете страни ја истакнаа значајноста на процесот кој се води под медијаторство на Обединетите нации за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за отвореното прашање.
Соговорниците ја истакнаа заложбата за интеграција на сите земји од регионот во Европската Унија.
Стана збор и за можностите за унапредување на вкупната соработка помеѓу двете земји во сферите од заеднички интерес.