Драги мои, секое човечко битие, има право на слобода, срека, избор, мир,слободно изјаснување на националната припадност, самоопределување и цела лепеза на права и слободи, кои се Уставно загарантирани, во секоја демократска, цивилизирана и држава која ги практикува овие придобивки, за кои, паѓало многу крв и многу човечки судбини и жртви.
Денес, Египканите во Р.Македонија, за жал, формално правно, не им е согласно Законот за Празници на Р.Македонија, загарантиран ден, посветен на ова , автохона, автентична етничка заедница во Р.Македонија, за чија лојалност, државотворност,конструктивност, не се ни осудувам дакоментирам.
Докажани лојалисти, родољубиви, трудољубиви, мирољубиви, но во исто време и одлучни, храбри, интелегентни, решителни…..Ето, во кратки црти, описот на мојот народ, кој , поради причинско-последични односи, кои имаат свои длабоки корени ,лоцирани во поблиското и подалечното минато, имаат инкорпорирано суштински елементи на чуство на страв, несигурност, преплашеност…Иако,овој ден,не ни е официјализиран,за да го прославиме на еден достоен и пристоен начин, онака како што доликува на овој автохтон, автентичен и дрзавотворен етникум, иако ние, немаме Пратеници, Министри,Зам.Министри, Директори, Советници итн, иако ние немаме ниту 1 потенцирам еден вработен дејкариран Египканец, вработен ,според одредбите, духот, и содржината на Охридскиот Рамковен Договор,нам никој ама баш никој, не може да ни го елиминира природното право,на свој сопствен начин да го прославиме овој ден,нака за наша душа….Иако, дискурсот на причинско-последични прашања, даваат една друга демократска насока, па наместо ПРОСЛАВА, ДА СЕ ОРГАНИЗИРАШЕ ЕДЕН МАРШ НА СЛОБОДАТА И ДЕМОКРАТИЈАТА, ЗАДА СЕ СЛУШНЕ НАШИОТ ГЛАС, бидејки некако, се навикнавме со викање, со правење малку галама, ке бидеш забележан, во спротивно….???Многу боли, чуството да бидеш искористен , да бидеш прозван и навидум испочитуван, само кога има избори, за да себориш, некој да се дни на таа фотелја, и послем тоа ,како награда да добиеш еден силен ИГНОР….Ех, колку силна била пораката на ИГНОРОТ НО И БОЛНА…НО И КАКОВ ФИТБЕК ИМА…..Сепак, сите Египкани, од Битола до Дебар,од Струга до Кичево, од Охрид до Скопско, сите Египкани во Охрид.
За миг, да заборавиме на нашите партиски определувања, на нашето нагласено ЕГО/ Ех , тој феномен, ни ја распарчи целата креативна енергија и интелектуален потенцијал, за жал…/, на нашите непотребни караници, делби и разделби, СИТЕ СПЛОТЕНИ ОКОЛУ ,,ЕГИПКАНСКАТА КАУЗА,, ….
24 ЈУНИ, е денот посветен на Балканските Египкани, но ДАЛИ НИЕ ИМАМЕ РЕЗУЛТАТИ ЗА ДА СЛАВИМЕ ИЛИ ИМАМЕ МАЛ МИЛИОН ПРИЧИНИ, МИРНО, ДОСТОИНСТВЕНО, ЦИВИЛИЗИРАНО,КАКО ШТО НИ ДОЛИКУВА, ДА ОРГАНИЗИРАМЕ ЕДЕН „МАРШ НА СЛОБОДАТА И ДЕМОКРАТИЈАТА“???
Треба, драги мои, брака и сестри Египкани/ки, да се слушне нашиот крик, нашиот глас, нашите легитимни барања….
Моето мислење е, наместо да го прославиме во некој хотел или друго место, ПОЦЕЛИСХОДНО Е, ДА ОРГАНИЗИРАМЕ МАРШ НА СЛОБОДАТА И ДЕМОКРАТИЈАТА, АКО НИШТО ДРУГО,КЕ ЗАБЕЛЕЖАТ ИАКО НЕ САКААТ, ДЕКА ЕГИПКАНИТЕ СЕ РЕАЛНОСТ ВО Р.МАКЕДОНИЈА, ЕДНОСТАВНО НЕЛИ???Бидејки, сакаме, но реално ни недостасува, тој адреналин, таа креативна интелектуална критична мисла, таа критична маса на слободоумни грагани, ДЕНЕС,лично драги брака и сестри Египкани, ви го честитам 24 јуни,Денот на балканските Египкани, со искрени желби замногу здравје, срека, што поскорешно обединување, и што поскоро, да ни вратат задоброто што сме му ја пружиле на ова држава, на нашата заедничка татковина Р.МАКЕДОНИЈА.нЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ, И СЛАВЕТЕ-СЕКОЈ НА СВОЈ НАЧИН…
Демир Далип-активист за човекови права
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.