Затворена за сообраќај улицата „Ристо Чадо“

Се известуваат граѓаните кои живеат на ул. „Ристо Чадо“ и жителите кои гравитираат околу оваа улица, дека во тек е реализацијата на проектите од Светска Банка – изведба на атмосферска канализација кој започнаа вчера.

Бидејќи трасата на овај цевовод се води до средината на коловозот на ул. „Ристо Чадо“, сообраќајот ќе биде пренасочен и ќе се одвива по улиците „15 Корпус“ и „Прва Македонска Бригада“. По завршувањето на работите на секоја делница од цевоводот, сообраќајот ќе биде нормализиран.