Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 2.7% во однос на претходната година и изнесува 19 718 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10 210 или 51.8% од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 233, и нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1.2% на 100 умрени лица.
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 69.9 години, односно 74.8 години кај лицата од женски пол, или за 4.9 години повисока просечна возраст се бележи кај жените. Како и во минатите години најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10 (шифра I00-I99) и тоа во 57.2% случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48) и тоа во 18.9%, па со 4.2% се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90), па со 3.6% се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) итн.