Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 683 333 МWh електрична енергија, 7.706 мил. nm3 природен гас, 546 021 тони јаглен и 85 416 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 81.2% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97.0% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.