Објавена програмата за манифестацијата „Бело лето 2015“

Со промотивната културно-забавна манифестација „Бело лето” што ќе се одржи на четврти јули и годинава во Охрид официјално ќе стартува летната туристичката сезона. Случувањето започнува со промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад во Охрид.

„На малиот плоштад, на Долна порта ќе имаме промоција на традиционалните занаети и вештини, овој пат во соработка со неколку невладини организации, здруженија на занаетчии, ќе имаме презентација на рачно изработени накити, ракотворби и др, занаетчиски производи, што исто за гостите ќе претставува една добра можност да видат и да се запознаат со сето она како туристички производ изработено од вредните раце на охридските занаетчии ќе биде презентирано на неколку штандови и ќе биде како еден комплементарен дел за промоција на туристичките произиводи на Охрид.“-  истакна на денешната средба со новинарите, Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за туризам и локален економски развој.

Централно случување на манифестацијата ќе биде концертот на Слаткаристика,  Тајзи и Саунд Месенџер, во кој е и охриѓанката Симона Попоска.

„Се надеваме дека ќе бидат доволна причина што поголем број на гости, туристи да го посетат нашиот туристички бисер. Она што требаше да биде како спектакал на вечерта е Боби Мојсовски, меѓутоа за жал, можеби за нас за жал, меѓутоа за него за среќа сепак поради професионални обврски спрема  продукцијата на Х фактор, на истиот ден, токму денес доби информација дека ќе мора да биде присутен на настап во Белград. Меѓутоа, неговиот настап или официјалното презентирање пред охриѓани како вице шампион на Х фактор, ќе го имаме во текот на летната сезона.“– рече Апостолов.

На прес конференцијата, присуствуваше и македонскиот претставник и второ пласиран на годинашниот „Х Фактор“, Боби Мојсовски.

„Желбата да настапам на 4-ти јули на „Бело лето“ беше обострана, но на жалот денес добив информација дека треба да бидам присутен на настап во Белград. Јас сум обврзан да го почитувам договорот према Х фактор. И едвај чекам да се претставам пред моите охриѓани, како некогаш пред Х фактор и многу ми мило што ја добив сета поддршка на ова шоу.“– рече Мојсовски.

Согласно програмата за одржување на празници и манифестации на 3-ти и на 5-ти јули, угостителките објекти ќе работаат со продолжено време, додека на 4-ти јули, на традиционалната „Бела ноќ“ ќе биде со неограничено работно време.

„Ги покануваме сите гости, туристи, посетители, охриѓани да ја искористат оваа прилика да уживаат во она што го нудиме како манифестации во рамките на „Белото лето 2015“, а со тоа и официјално да ја започнеме летната туристичка сезона.“- додаде Апостолов.

PressBeloLeto02

WebOhrid