Промовиран европкиот проект SCIENTIX

Европскиот проект за истражување и иновации Scientix , денеска беше презентиран пред наставниците по Математика, Физика, Хемија и Биологија од основните и средните училишта од Охрид.

Проектот Scientix е инициран од Европската комисија и е составен од две фази. Во првата фаза, во периодот од 2009 до 2012 година, како што беше речено на презентацијата што ја изврши заменик амбасадорката на проектот за Република Македонија , Силвана Ристоска, востановен е веб- портал, преку кој се презентираа европските едукативни проекти.

Целта на втората фаза, која е започната во 2013 година е овој проект да стане достапен и препознатлив на национално ниво, особено за наставниците од основното и средното образование кои предаваат предмети од природните науки, со што ќе се промовира европската димензија во образованието.