Биометеоролошка прогноза: Можна деконцентрација и чувство на тежина во главата

Како што соопштуваат од УХМР, денес во раните утрински часови биометеоролошките услови беа лоши, кога кај поголем број на луѓе можна беше појава на главоболки, но и болки во колената, грбот и на вратот.

Во пладневните часови кај поголем број на луѓе можна е деконцентрација, а кај некои пак ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во попладневните часови болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени ќе се поупорни.

Во текот на утрешниот ден биометеоролошките услови ќе имаат поголемо влијание.

Како што најавуваат од УХМР, од пладневните часови може да се појави главоболка, а поретко слаби болки на грбот и во рацете.

Во попладневните часови луѓето чувствителни на временските промени ќе почувствуваат и слабост и деконцентрација, а кај некои пак ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во вечерните часови ќе дојде до смирување на симптомите.

Извор: Нет Прес