Намален бројот на умрени лица од насилна смрт

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица од насилна смрт е намален за 10.7% во однос на претходната година и изнесува 493 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.5%. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2014 година, како и во претходните години поголемо учество имаат машките лица и тоа 74.6%.

Во вкупниот број на случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат “несреќните случаи” со 63.1%, потоа “самоубиствата” со 29.8% и “убиствата” со 7.1%.

Во категоријата “несреќни случаи” најголемо учество имаат умрените лица од “Други надворешни причини за случајна повреда” со учество од 26.2%.

Во категоријата “самоубиства” на прво место се случаите кај кои што смртта настапила поради “бесење странгулација и суфокација” со учество од 15.0%.

Во категоријата “убиства” најголемо учество се случаите од “oбид за нанесување на телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје” 3.2% во однос на вкупниот број на случаи од насилна смрт.