Се поставува атмосферска канализација на улицата „Ристо Чадо“

Деновиве екипи на фирмата „Вардар Градба“ од Скопје, по налог на Општина Охрид започнаа градежни активности за изградба на атмосферска канализациона мрежа на улицата „Ристо Чадо“.

Градежните активности се изведуваат во должина од 720 метри.

По поставување на атмосферската канализација улицата ќе биде комплетно реконструирана и асфалтирана од страна на екипите од фирмата „Илинден“ од Струга, со изградба на пешачки зони и тротоари. Предвидено е и поставување на сливници. Проектот е целосна инвестиција на општина Охрид.

WebOhrid/А.Андриоски