Дете пешак загина во сообраќајна незгода во Скопје

Вчера во 19,10 часот во Скопје на крстосница од ул. „Џон Кенеди“ и ул. „Дижонска„ се случила сообраќајна незгода во која ПМВ“Мазда 2“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Х.Б.(1994) од Скопје, удрило во пешак дете Зекирја Д.(2004) од Скопје. Од незгодата со ТТП се задобил пешакот кој на лице место им подлегнал на повредите. Смртта на лице место била констатирана од доктор од Итна Медицинска помош, а телото по наредба на ЈО е пратено на обдукција. Увид на лице место извршиле ЈО и увидната екипа од ОИСН при СВР -Скопје. По наредба на ЈО, на Х.Б. земено му крв и урина за анализа, а ПМВ “Мазда 2“ со шлеп служба е однесено во кругот на ОИСН при СВР Скопје за да на истото се изврши вонреден технички преглед.