Во сообраќајна несреќа на автопатот Бренер во Италија, која што се случи вчера околу 16. 00 часот, животот го загубил 29-годишниот Б.А од Гостивар.
Според тамошните медиуми сега веќе починатиот изгубил контрола врз своето возило марка “Сеат Ибица’ и влелегол во спротивната лента по што дошло до директен судир со камион.
Судирот бил фатален за 29-годишниот гостиварец кој починал на лице место, а со полесни повреди се здобил возачот на камионот.
Извор: Нет Прес