Италија 1:1 Македонија

Македонската фудбалска репрезентација го одигра деветтиот натпревар во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија. Во Торино, нашата репрезентација и гостуваше на Италија. Натпреварот започна со пресинг од страна на италијанската репрезентација. Агресивната игра на Италија траеше само во првите десетина минути. Во 17 минута Пандев упати посериозен удар, но голманот на Италија, Буфон успеа да ја скроти топката. Средината од првото полувреме се карактеризираше со не многу течна игра, со многу прекини и грешки. Како што наближуваше полувремето, Италија постојано настојуваше кон нашиот гол, а тоа резултираше со гол…

повеќе...

Ученици од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ реализираа екскурзија во Италија

Учениците од III година при ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“- Охрид, во периодот од 25.05 до 30.05 реализираа завршна екскурзија во Италија. Екскурзијата беше изведена во согласност со годишната програма за работа на училиштето и правилникот за начинот на изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта. Во рамки на петдневната екскурзија, 90 ученици и 4 наставници според програмата ги посетија националниот парк Плитвички езера, градовите Верона и Венеција во Италија и Постојнска јама во Словенија, при тоа развивајќи позитивен однос кон националните, интернационалните, културните и естетските вредности, како и поттикнување…

повеќе...

Учество на Македонија на Интернационалниот B2B саем за туризам ‘TTG Incontri’, Римини

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија четврта година по ред ќе учествува на Интернационалниот B2B саем за туризам ‘TTG Incontri’, Римини во период од 12-14 Октомври 2017 година. На саемот “TTG Incontri” својата туристичка програма ја претставуваат над 130 туристички дестинации, учествуваат над 63.000 професионалци од областа на туризмот, 700 новинари, 300 блогери, се одржуваат тренинг конференции и семинари, учествуваат голем број истражувачки институти, авиокомпании, национални и природни паркови, хотелски брендови, компании за промоција и маркетинг, интегрирани комуникации, банки, финансии, осигурување во туризмот и туристичката индустрија.…

повеќе...

Заев: Сочувствуваме со граѓаните во Италија и подготвени сме да помогнеме

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство до претседателот на Р.Италија Серџо Матарела, премиерот Матео Ренци и граѓаните на Италија за жртвите од катастрофалниот земјотрес што се уште ја тресе земјата. „Изразувам искрено и длабоко сочувство за стотиците жртви и повредени во еден од најсмртоносните земјотреси што ја погоди Република Италија, во име на граѓаните на Република Македонија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во лично име. Со големо жалење и загриженост ги следиме информациите за ситуацијата со големиот број настрадани, тешко повредените и потресите што не престануваат. Ја…

повеќе...

Претседателот Иванов со писмо со сочувство до претседателот на Италијанската Република, г. Серџо Матарела

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод катастрофалниот земјотрес во централна Италија, испрати писмо со сочувство до претседателот на Италијанската Република, г. Серџо Матарела. „Почитуван господине Претседател, Со голема тага ја примив веста за катастрофалниот земјотрес во централна Италија и искрено жалам за загубените животи од оваа голема трагедија. Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Италијанската Република и за семејствата на настраданите и повредените, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на длабоко и…

повеќе...

Потпишана 4.Програма за соработка во областа на културата, образованието и науката меѓу Македонија и Италија

Четврта по ред Програма за соработка во областа на културата, образованието и науката меѓу Република Македонија и Република Италија за периодот 2016-2019 година, потпишаа денеска министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и италијанскиот амбасадор, Ернесто Масимино Белели. Потпишувањето на овој значаен билатерален документ, истакна министерката Канческа Милевска, е уште една потврда дека Република Македонија и Република Италија, која е наш голем пријател и поддржувач, негуваат одлични односи и исклучителна соработка во областа на културата, науката и образованието. Посочи дека бројните културни случувања кои низ годините се реализирале во Македонија и…

повеќе...

Охрид успешно претставен на третиот глобален состанок на градовите со езера во Исео – Италија

Во рамки на работниот престој во Италија, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески имаше успешно учество на Третиот глобален состанок на официјалните делегации на Европската мрежа на езера што денес се одржува во градот Исео. На состанокот се направи ретроспектива на досегашната соработка, се презентираа проектите, „LAKtive tourism“ и „СУ Спорт од Ерасмус“ како и Програмата и проектот „Дијалализа за време на одмор“. Општина Охрид имаше своја презентација со свои сугестии и идеи за унапредување на европската соработка, како и подобра реализација на започнатите активности и проекти. На состанокот на официјалните…

повеќе...

Матурантите од Гимназија на завршна екскурзија во Италија

Матурското патување на учениците од завршната-четврта година од Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“, годинава ќе се реализира во Италија од 8 до 13 мај. Патувањето ќе биде под организациско водство на туристичката агенција „Вис-пој“ од Охрид по цена од 15.900 денари. Ова е предлог одлуката на Комисијата за спроведување на постапката за матурското патување при ОСУ „Св.Климент Охридски“ што е донесена на денешниот завршен состанок. Комисијата, на седницата одржана на 9-ти март годинава, ги разгледа пристигнатите три понуди по претходно распишаниот јавен оглас. Притоа отфрли една понуда од туристичка агенција…

повеќе...

Италијанските туристи заинтересирани за македонскиот туристички производ

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има заеднички саемски настап со туристичкото стопанство од Македонија на изложбен штанд кој ги истакнува главните туристички потенцијали на нашата земја на туристичкиот бизнис саем “TTG Incontri” кој се оддржува во Римини, Италија од 08-10 Октомври, 2015 година. На “TTG Incontri” единствениот настан во Италија кој ги собира на едно место сите главни посредници на туристичкиот производ, Република Македонија е претставена по втор пат во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ. Ко-егзибиторите го оценуваат како доста успешен саем,…

повеќе...

Министерката за култура во работна посета на Република Италија

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска престојува во Република Италија каде што ќе присуствува на Македонскиот ден во рамките на 45. јубилејно издание на еден од најголемите и најзначајни филмски фестивали за деца и млади во светот, „Џифони искуство“, кој од 17 до 26 јули се одржува во градот Џифони. Во рамките на посетата, министерката за култура ќе оствари работна средба со градоначалникот на градот Џифони, Паоло Русомандо. На средбата на која ќе присуствуваат и амбасадорот на Република Македонија во Република Италија, Оливер Шамбевски , амбасадорот на Италијанската Република во…

повеќе...