На „Богородица“ уапсен кипарски државјанин баран од Интерпол

Вчера во 21,00 часот на ГП- Богородица, со меѓународниот воз 334 за влез во Р.Македонија, се пријавил кипарскиот државјанин M.И.(1980) во Пафос – Кипар, со кипарска патна исправа. При вршењето на гранични проверки било констатирано дека лицето фигурира во евиденциите со мерка за лишување од слобода по Телеграма од 04.05.2015 и за истото е распишана меѓународна потрага од Интерпол Кипар. Истиот е задржан и во 23.45 часот е предаден во ПС од ОН Гевгелија за понатамошна постапка.