Нелоски: Ние младите треба да бидеме предводници на економскиот напредок на нашата држава

Сите ние сме борци на нашата генрација за промена на нашето општество, за промена на светот, за да го направиме подобро место за живеење каде што сите ќе се чувствуваме доволно мотивирани за сите наши идеи, желби, амбиции, иновации, креации и јасна визија ги преточиме во реализација, истакна во своето обраќање претседетлот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски на 24-та годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сплотените различни карактери, возрасти, таленти, кративни умови, професии се успешната приказна на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Токму овие особини ги гледам денеска во секој од вас во оваа преполна сала која уште еднаш покажува и докажува дека УМС беше, е и ќе биде движечка сила во Р. Македонија. Ентузијазмот за градење успеси, напредокот, просперитетот во УМС никогаш не престана“, рече Нелоски.

Тој се заблагодари на основачите и членовите на УМС и посочи дека и во УМС има различни карактери, различни таленти, различни амбиции, но сите имаат една заедничка водилка, а тоа напредокот на Македонија кон светските врвови, кон успехот на економијата, успехот на претприемништвото, успехот на натпрварувачките тронови.

„Во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ наследи ситуација во која младите се соочуваа со безнадежност, без поглед кон просперитетот и апатичност. ВМРО-ДПМНЕ, а особено УМС посветено работеше да ја промени оваа слика во Р. Македонија. Денеска можам гордо да кажам дека Македонија се претвори во земја која отвора можности за сите, а особено за младите, земја која овозможува поквалитетно образование, подобар стандард и подбри можности за живот на секој млад човек“, истакна претстедателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека денeска е направено многу за младите и реализирани се многу проекти кои им го олеснуваат животот на младите. Посочи дека се изградени нови спoртски сали, спортски терени, нови училишта, основана Спортска акдемија, доделени нови стипении, отворени и комплетно опремени нови лаборатории на факултетите, преведена стручна литература од странски јазици на македонски.

Нелоски посочи дека повеќе не е проблем младите во Македонија да најдат работа што беше случај порано, сега веќе младите размислуваат за подобро платено работно место. Тој истакна дека преку владините мерки за вработување на младите од 2007 година па натака се вработени околу 15.000 млади лица, а само со мерката за вработување на млади до 29 години откако е воведена вработени се над 9000 млади лица.

Тој оцени дека последните 9 години е направено многу за младите во образованието, а веќе се санира и еден од најгорливите проблеми на студентите, а тоа се студентските домови, притоа нагласи дека се реновира студентскиот дом „Гоце Делчев“, а студентскиот дом „Стив Наумов“ целосно е реновиран.

Нелоски ги охрабри младите сили на ВМРО-ДПМНЕ да бидат силни и храбри и со знаење да ризикуваат и да бидат млади претприемачи.

„Минатата година како подмладок на ВМРО-ДПМНЕ реализиравме 1842 проекти. Ние треба да бидеме предводниците на економскиот напредок на нашата држава. Како млади луѓе не смееме да заостанемe на овој пат“, заклучи тој.