На летната сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“ синоќа свечено беше отворено четиринаесетото издание на фестивалот „Канеофест“ 2015, што го организира ТВ Морис од Охрид, со поддршка на Локалната самоуправа и бројни помагатели.
На првата фестивалска фолк вечер беа изведени деветнаесет нови композиции, а во ревијалниот дел настапија Спасен Силјаноски, Виданка Георгиевска, Мишко Србиноски.
Вечерва ќе биде посветена на поп- музиката и ревијален настап на неколку познати имиња од македонската естрада.
WebOhrid/А.Андриоски