Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 10 решенија против 10 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 2 и 3 и член 207 став 1 точка 4 и 8 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на седум вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на еден вработен мерка – “запирање на постапката“ и на двајца вработени изречена им е мерка „писмено предупредување“, а станува збор за:
Полицаец во ПС ОН Бит Пазар, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (на лице место не изготвил Записник за констатиран прекршок и Покана за глоба, туку тоа го сторил дополнително);

Полицаец во ПС ОН Струмица, СВР Струмица, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (поради невнимание му избегало приведено лице);
Полицаец во ПС ОН Струмица, СВР Струмица, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (поради невнимание му избегало приведено лице);
Полицаец во ПС за ГП и ГН Деве Баир, РЦ за ГР Исток, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (без да изврши детални проверки, процесуирал излез на албански државјанин со невалидна романска лична карта);
Инспектор за НТ со дрога во Отсек за НТ со дрога и оружје, СВР Штип, изречена му е мерка „запирање на постапката“ (неутврдена одговорност);
Полицаец ПС за ГП Ќафасан, РЦ за ГР Запад, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (Не евидентирал лице во систем за контрола на патници и возила, кое излегувало од територијата на Р.Македонија);
Полицаец во ПСОН-Карпош, СВР-Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (бил под дејство на алкохол за време на извршување на работните задачи);
Полицаец за БПС во ПО за БПС-Виница, СВР-Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (при санкционирање на лице за сторен сообраќаен прекршок, ја одзеле личната карта наместо ПИ или ВД);
Полицаец за БПС во ПО за БПС-Виница, СВР-Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (при санкционирање на лице за сторен сообраќаен прекршок, ја одзеле личната карта наместо ПИ или ВД).