Македонија забележа скок од едно место на најновата ФИФА рејтинг листа

Репрезентацијата на Македонија забележа скок од едно место на ФИФА рејтинг листата. Според денешната најнова листа, фудбалската репрезентација на Македонија се најде на 83 место.

Нема промени на врвот на ФИФА рејтинг листата, каде се наоѓаат Шпанија, Германија и Аргентина.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Сент Винсент и Гренадин, со скок од +14 места се најде на 141-то место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Мали од -19 места и се најде на 59-то место.

WebOhrid