На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, утре ќе биде промовиран официјалниот почеток на директниот лет до Базел. До оваа нова дестинација, авиопревозникот „Визер“ ќе оперира два пати неделно.
На пречекот на првите патници ќе зборуваат Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“ и Никола Бакрачески, градоначалник на општина Охрид.