Во текот на вчерашниот ден, заклучно со 08.00 часот утринава, Министерството за внатрешни работии издаде 479 потврди на странски државјани кои изразиле намера да бараат азил во Република Македонија.
Вклучувајќи ги нив, во периодот од 19.06.2015 до 02.07.2015 година, вкупно се издадени потврди на вкупно 6.394 странски државјани, од кои, 5.029 се од машки пол, 782 се од женски, 573 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште десет деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 4.086, потоа Авганистан-603, Ирак-400, Пакистан-307, Сомалија- 246, Конго-238, Палестина-176 додека останатите се во помал број.
Во врска со илегалните мигранти денеска е документирано едно кривично дело. Имено, околу 01.00 часот на излез од Гевгелија, од страна на патролен тим, сопрено било ПМВ„Мерцедес Д22“ со скопски регистерски ознаки, управувано од С.Ѓ.(1983) од Скопје, при што во истото затекнати биле сириските државјани: Р.O.(1984), A.O.(1991) и M.И.(1976). Лицето и сириските државјани се задржани во ПС-ОН Гевгелија за понатамошна постапка.
Во текот на вчерашниот ден од Германија пристигна и 25 годишно лице, брат на малолетен сириски државјанин кој со помош на стручни лица од Министерството за труд и социјална политика, беше сместен во згрижувачко семејство откако неговиот татко почина. Истиот го помина гранишниот премин и откако пристигна во Скопје средбата беше оставрена и сега со помалиот брат престојуваат во истото семејство.Братот поседува сириски пасош и германска лична карта. Малолетникот има поднесено намера за азил,поседува сириски пасош и би сакал заедно со братот да замине во Германија каде братот има престој.Струшниот работник од Центарот за социјални работи,старателот на детето им помогна околку формалностите за префрлување на телото од судска медицина до капелата Бутел, а и понатаму се грижи за правата и интересите на детето,земајки го во предвид неговиот најдобрар интерес.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 02.07.2015 година се евидентирани вкупно 81 барател на азил, од кои 62 баратели на азил се мажи, 9 баратели на азил се жени и 10 баратели на азил се малолетни лица со придружба на старател. Oд вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, евидентирани се две бремени барателки на азил, четири баратели на азил со повреди на долните екстремитети ( тројца мажи и една жена), малолетни лица без придружба на старател во моментов не се регистрирани во ЈУ Прифатниот центар.
Од страна на Министерството за здравство, вчера во Центарот за баратели на азил во Визбегово вакцинирани се 32 лица со МРП и 31 лице со ОПВ. Извршена е дезинфекција во Куманово на 800м2 вагони и 200м2 чекална и перон. Потоа дезинфекција на вагони Табановце од 400м2, како и дезинфекција во Скопје на 800м2 вагони. Во гевгелија е извршена дезинфекција на 1300м2 површина на железничката станица и околу неа, како и на автобуската станица.
Црвениот крст на град Скопје изврши транспорт на три лица (едно дете и две возрасни лица) до Гевгелиската општа болница, каде по укажаната медицинска помош лицата се вратени на железничката станица. До 17.45 мин мобилните тимови на Црвен крст на град Скопје лоцирани во две смени на железничките станици Табановце и Гевгелија укажаа прва помош на 163 лица, и дистрибуираа:890 шишиња вода, 5 ќебиња и 10 пакувања пелени за деца.