Охриѓани и туристите синоќа уживаа во бројните атракции на годинашното, второ издание, на „Баскерфест“, што се одржуваа на Градскиот плоштад и плоштадот „Чинар“, со почеток во 19 часот. На градскиот плоштад први настапија членовите на бендот „Barbarossa“ кои со нивниот музички перформанс ја загреаа атмосферата, а по нив следеа акробациите на жица на светски познатиот артист Chris Bull. По завршувањето на точката на Chris Bull настапија „Mostacho“, „Denda Jorge Martin“, жонглерите „Spinus“, „Carota Payaso“, „Parkur“, фајар шоуто на „Golden Branch“ и за крај на првиот ден од „Баскерфест“ на Градскиот плоштад повторно настапија „Barbarossa”.
Шоуто на плоштадот „Чинар“ го започнаа жонглерите „Spinus“, продолжи со „Carota Payaso“, магионичарските трикови на Кристијан, „Diogo“, „Barbarossa“, „Mostacho“, „Denda Jorge Martin“, „Diogo“, а крајот од првиот ден на плоштадот „Чинар“ беше резервиран за „Parkur“.
Првиот ден на „Баскерфест“ понуди разновидна забава за сечиј вкус и за секоја возраст. Од музички перформанси, акробации на жица, жонглери, кловнови, па до фајар шоу. „Баскерфест“ покажа дека е забава за целото семејство.