ОУ „Кочо Рацин“ овој викенд живее во духот на својот патронат

Од вчера, Основното училиште „Кочо Рацин“- Охрид започна со прославување на својот патронен празник. Од 18 до 19 часот во салата на село Долно Лакочереј се одржа продажна акција на која се продаваа новогодишни изработки од самите ученици.

Патронатот продолжи со пригодна свеченост. Темата на овогодинешниот ревијален дел беше „БЕЗ ЈАЗИК СИ НИКОЈ И НИШТО“ , односно мотото е: Да си го зачуваме нашиот јазик насушен! Настапија ученици од хорот и завршните одделенија (петто и деветто).

Во понеделник, на 22-ри декември, продолжува празнувањето и тоа со т.н. ОТВОРЕН ДЕН. Предвидени се многу активности, како што се: предавање од стручно медицинско лице на тема „Здрав начин на живот“ (здрави животни навики) и презентација на традиционална и здрава храна приготвена од родителите на учениците, а на иницијатива на Советот на родители при ова училиште (од продажен карактер).

WebOhrid