По повод една година од осветувањето на Црквата „Св.Недела“ во Долно Коњско, утре (недела) ќе се служи Света божествена литургија. Литургијата ќе се служи со почеток во 7:30 часот, а ќе чиноначалстува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски.
Инаку, црквата „Света Недела“, беше осветена на 13-ти јули минатата година, на празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли – Павловден.
WebOhrid