„Бело лето“ – магнет за охриѓани и гостите

Со туристичко- промотивната манифестација „Бело лето“, што по трет пат ја организира Локалната самоуправа на Општина Охрид, преку Секторот за туризам и локален економски развој, официјално се означи почетокот на годинешната главна туристичка сезона. Посетеноста на овој спектакл покажа дека не очекува успешна туристичка сезона. Бројни охриѓани и гости од земјата и странство, со уживање ги проследија настапите на Слаткаристика, Тајзи и „Саунд месинџерс“, а на плоштадот „Чинар“ можеа да ги следат бројните фолклорни настапи.

Охрид живееше деноноќно, налик на познатите туристички места, за што сведочеа преполните ресторани и кафулиња. Локалната самоуправа, следејќи ги светските трендови, со организирањето на оваа и слични манифестации, сака да ја збогати туристичката понуда и да привлече што поголем број домашни и странски туристи.