Започна летувањето на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток

Министерството за труд и социјална политика известува дека вo рекреативниот центар за деца и младинци “Мајски Цвет” -Струга, започна летувањето на првата од вкупно осум групи на деца опфатени во рамките на проектот за користење бесплатна услуга за одмор и рекреација. Оваа услуга ќе ја искористат околу 2000 деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток.

Услугата одмор и рекреација вклучува престој, активен одмор, социјализација на децата, воспитно-образовни, културно-забавни, спортско- рекреативни и други активности со децата за развивање на психомоторниот развој. Во текот на седумдневниот престој, програмата ќе ја реализираат воспитувачи по групи и друг стручен кадар (педагошки раководител/водич на смена, лекар, медицинска сестра, инструктори и др.) ангажирани од страна на правните субјекти во кои ќе се реализира проектот и волонтери од Црвениот крст на Република Македонија.

Во оваа прилика упатуваме благодарност до компаниите кои преку донација од свои производи ја помагаат реализацијата на овој проект: Албиз фондација-Даути, Алкалоид, Пелистерка, Витаминка и Атлантик комерц.