Дисциплински мерки за 13 вработени во МВР

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 13 решенија против 13 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 2, 3 и 5 и член 207 став 1 точка 1, 4, 8 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на осум вработени изречена им е мерка – „парична казна”,на еден вработен мерка – “запирање на постапката“, на еден вработен мерка – „писмено предупредување“ и на тројца вработени изречена им е мерка „отказ“ а станува збор за:

Полицаец во Единица за ЈРМ и интервенции, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (физички нападнал лице);

Полицаец за ПСОН-Aeродром, СВР-Скопје, изречена му е мерка „отказ“ (бил под дејство на наркотични средства за време на извршување на работните задачи);

Полицаец- водич на службено куче во ПСОН-Велес, СВР-Велес, изречена му е мерка „писмено предупредување“(бил затекнат како седи во приватното возило за време на извршување на работните задачи);

Полицаец за ПСОН-Ѓорче Петров, СВР-Скопје, изречена му е мерка „отказ“ (бил под дејство на наркотични средства за време на извршување на работните задачи);

Самостоен инспектор во Отсек за финансиски криминал и акцизна стока, СВР Скопје, изречена и е мерка „запирање на постапката“ (запирање на постапката поради престанок на работен однос);

Полицаец за патрола и интервенции во Единица за прв одговор и интервенција – АЛФА, СВР Скопје, изречена му е мерка „отказ“ (навремено и писмено не го известил работодавачот за отсуството од работа и неоправдано отсуствувал 3(три) последователни работни дена);

Полицаец за патрола и интервенција во ПО Ростуше, ПС од ОН Гостивар, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (во разговор со непосреден старешина се однесувал недолично и неодговорно);

Полицаец во ПС од ОН Центар, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (го нарушил јавниот ред и мир со физички напад);

Полицаец во ПС за ГП и ГН Ново Село, РЦ за ГР Исток, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (на работно место разговарал со мобилен телефон);

Полицаец во ПС од ОН Карпош, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (заспал за време на обезбедување на задржано лице, поради што овозможил на задржаното лице да избега од полициската станица);

Виш инспектор за прифат-сменоводител во ПС од ОН Карпош, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (задржаното лице не го сместил во просторија која била наменета за задржување, а воедно требал да врши и контрола на подреден ПС, а не го сторил тоа);

Дежурен полицаец во ПС од ОН Карпош, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (овозможил на задржаното лице да избега од полициската станица);

Помошник дежурен во ПС од ОН Карпош, СВР Скопје, изречена и е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (овозможил на задржаното лице да избега од полициската станица).