Пратеникот Томислав Тунтев, денес одржа прес-конфернција, на која истакна:
„Власта на Никола Груевски ги задолжува граѓаните со 345 милиони евра преку буџетскиот дефицит што се зголемува. Со предложениот ребаланс дополнително ја зголемуваат и ставката за задолжување од странски извори на 556 милиони евра!
А кратат 45 милиони евра за капитални инвестиции!
Оваа власт крати на основите потреби на граѓаните и со тоа продолжува да ги сиромаши и да го кочи развојот на економијата.
Додека ги продолжуваат непродуктивните трошења за милионски барок што скапува, палми кои се сушат, потопени галии, за криминални провизии и лични интереси:
-Ги намалуваат средствата за изградба и реконструкција на основни и средни училишта за 400 илјади евра!
-Ги намалуваат парите за изградба на водоводи и канализации за над 390 илјади евра!
-Ги намалуваат парите за развојни програми во здравството за 4.5 милиони евра, од коишто најмногу кај изградбата нови болници и амбуланти во руралните подрачја.
-Ги намалуваат парите за патишта и инфраструктура!
Се кратат 23 милиони евра само за железничката инфраструктура!
Во првиот квартал од 2016 година реализирани се само 13 проценти од предвидените инвестиции во инфраструктурата. А овој ребаланс уште крати 10 проценти од сумата за капитални инвестиции што ја најави Ставрески во Буџетот за 2016.
Само за пример, во последните 6 години, на криминален начин од Буџетот се потрошени најмалку 630 милиони евра за споменици и фасади, додека 75 проценти од средствата за реконструкција и одржување на патиштата се од заеми и кредити.
Затоа 1 километар автопат во Македонија чини три пати повеќе од другите држави од регионот. Готови автопатиштата и по 10 години нема. А за една деценија се изградени само 7 километри автопат!
Ситуацијата дополнително ќе се влоши со скратените пари од ИПА фондовите што ќе се одрази врз слабиот инфраструктурен развој.
Без инфраструктурен развој и капитални инвестиции нема отворање реални работни места, ниту реален економски раст.
Новата одговорна Влада што ќе добие чест да ја предводи СДСМ целосно ќе ги укине непродуктивните трошења… Парите од граѓаните ќе ги насочиме кон забрзан развој инфраструктурата и економијата и со тоа подобрување на животниот стандард на граѓаните.“ – истакна Тунтев.
Одговори на новинарски прашања
Медиуми: Бидејќи е објавен новиот закон за медиуми односно владино рекламирање, каков е вашиот став, што е сменето во него, дали и ма суштински промени?
Тунтев: Пред нецели 2 часа, ние на електронска пошта го добивме предлог –законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции. Имав прилка сега да го прочитам пред да дојдам на оваа прес-конференција. Не се работи за ништо ново, значи тоа е истата приказна од пред неколку месеци. Кога ВМРО-ДПМНЕ на нај брутален начин и со ваков еден сличен, ако не и идентитчен закон, се обиде да ја продолжи корупцијата, односно да ја легализира корупцијата во медиумите. Ова не е производ на никаков договор, не е производ на никакви преговори, туку е едностран чин на партијата на власт која се обидува и понатаму да ги држи во заложништво медиумите. Имено, со пари од граѓаните идеата е да се финансираат информативни и рекламни кампањи. Небаре медиумите незнаат во својата уредувачка политика што значи интерес за граѓаните за јавно и објективно информирање. Не, Владата треба со народни пари, со парите од граѓаните да ги потплати медиумите, за тие наместо јавно и објективно да информираат јавноста, всушност да претставуваат огласна табла за политиките, активностите не само реализираните, туку и идните од страна на Владата на Република Македонија. Имајќи во предвид дека во оваа држава нема никакво раздвојување помеѓу партијата на власт и државата, се работи за уште еден срамен обид, партијата на власт да ги држи во заложништво и понатаму медиумите, односно да се обиде да ја легализира корупцијата во медиумите. Ова нема да помине, барем не кај демократската јавност во Република Македонија. Затоа што никој, посебно не медиумите кои држат до респектибилноста, до објективното информирање на граѓаните сигурно ќе ги видат аномалиите на овој прелог закон затоа што ова е уште еден брутален, ајде сега да речеме проширен и надграден обид да се легализира корупцијата во медиумската сфера во Република Македонија.