Битолчанец ја продавал својата сопруга за 1.000 денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.И.(33) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „посредување во вршење проституција“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.

На 4-ти јуни во семејниот дом во Битола, при расправија со неговата сопруга, пријавениот физички ја нападнал при што и нанел тешки телесни повреди. Исто така, во периодот од јануари до јуни 2015 година пријавениот за паричен надомест од 500-1000 денари посредувал во вршење на проституција на неговата сопруга, а воедно и овозможувал да користи наркотични дроги и психотропни супстанции.