Проектот за отпис на долгови е во длабока фаза и веќе се отпишани долгови на 13.100 баратели во вредност од 25 милиони евра, а дополнителни 1.500 барања се во процес на разработка и се надеваме дека за кратко време и тие ќе бидат прифатени со што ќе станат приближно 15.000 барања до завршувањето на овој процес, изјави премиерот Никола Груевски.
„Процесот успешно се одвива, 25 милиони евра да им се опростат на луѓе од ранливи категории коишто имаат сериозни тешкотии да си ги платат долговите е навистина сериозна помош за тие луѓе и за тие семејства. Од тој аспект она што го ветивме на изборите минатата година можам да кажам дека веќе 90 отсто е реализирано, а останатите 10 отсто ќе бидат реализирани во наредните недели и месеци“, рече Груевски.