Вечерва свечено отворање на 54-то издание на Балкански фестивал

Во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, вечерва, со почеток во 21:00 часот, на сцената на Долни Сарај свечено ќе биде отворено 54-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2015.

Свеченото отворање на фестивалот веќе години наназад е резервирано за настап на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“.

Оваа година на фестивалот ќе учествуваат 11 ансамбли и КУД што ги негуваат традиционалните народни песни и игри од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Полска, Турција, Канада.

Манифестацијата е под покровителство на Собранието на Република Македонија, а со финансиска поддршка на Министерството за култура.