Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2015 година, во споредба со мај 2015 година, е зголемен за 0.1%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.1%.
Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.6%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- јуни 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0.3%.