Пандев потпиша со Џенова

Горан Пандев се врати во Италија и потпиша договор со тимот на Џенова. Пандев минатата сезона играше за Галатасарај во Турција, а по завршувањето на договорот, како слободен играч тој повторно се враќа во Италија каде играше од 2001 година во Специја, Анкона, Лацио, Интер и Наполи.

Горан Пандев е најтрофејниот македонски фудбалер. Тој има 1 трофеј во Серија А, 5 трофеи од Купот на Италија, 2 трофеи од Супер Купот на Италија, 1 трофеј од Лига на шампиони, 1 трофеј од Светскиот клупски Куп, 1 трофеј од Турската Супер Лига и 1 трофеј од Турскиот Куп. 

WebOhrid