Општина Охрид традиционално и годинава, на 10-ти јули (петок) ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“ .
Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 300 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците „Илинденска“, „Цар Самоил“, „Коста Абраш“ , „Кузман Капидан“, „Браќа Миладиновци“, „Боро Шаин“, „Христо Узунов“, „Климентов Универзитет“, „ Петар Чаулев“, „Димче Маленко“, „Нада Филева“ и „Аргир Маринчев“ .
Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски комуналец“ на 10-ти јули (петок) од 9 до 13 часот, а со себе треба да носат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.