Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општина Дебрца за спроведување на превентивната систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека утре (петок), екипата на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 20.30 до 06:00 часот,со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на Општината ,подрачјето на реката Сатеска,локалитетите со застојни водени површини,урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Третирањето ќе се изведе со препаратот AQUA K- KOTRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Охрид е 231-881 и 230-231.