Конак Завој

Конакот Завој се наоѓа во срцето на селото Завој, оддалечен на само 16 километри од Автобуската станица во Охрид. Овој конак претставува одлично место каде ќе можете да се одморите, рекреирате и релаксирате, како и да вкусите традиционални јадења од македонската кујна.

Кога станува збор за рурален туризам, Конакот Завој е новиот, а може да се каже и најголем бисер во Македонија. Располага со 8 опремени соби и еден апартман.

Домаќините велат дека конакот свечено ќе биде отворен до почетокот на месец јуни, до кога се очекува да бидат ставени во употреба и етно музејот, летната бавча и летната кујна.

Посетете го ова атрактивно планинско место и уживајте во прекрасниот амбиент на Конакот Завој!

www.konakzavoj.com

www.facebook.com/Konak-Zavoj

This slideshow requires JavaScript.