Велосипедскиот туризам во Македонија се повеќе зема замав – возејќи низ урбано-руралните средини, обиколувајќи ги природните богатства со кои изобилува нашата држава годинава – потврдува сторија објавена во „Њујорк Тајмс“.
Џим Џонсон од здружението на тур-оператори за велосипедски туризам „Бајк Турс Дајрект“ е импресиониран од Македонската култура и убавини, што успеа да организира неколку девет дневни велосипедски тури во Македонија во соработка со „Рајд Македонија“. Првата тура ќе се одржи на 23-ти август, а втората на 23-ти септември.
„Искусивме многубројни традиции во Европа, кои полека исчезнуваат во многу места“, вели Џонсон. „Но, одиш во Македонија и сведочиш на села со луѓе кои останале таму со генерации“.
Турата ќе гo опфати и градот Охрид кој е заштитен од „Унеско“ и е еден од најстарите населени места во Европа, со историја од повеќе од 5.000 години. Ќе бидат опфатени и национални паркови, позначајни села и главниот град Скопје. И Џонсон ќе биде дел од турата.
„Бидејќи Македонија е земја во подем и за мене непозната, моето присуство таму е начин да им се даде на нашите клиенти мир и спокојство. Но, исто така, едвај чекам да дојде денот“, истакна тој.
Здружението на тур-оператори за велосипедски туризам „Бајк Турс Дајрект“ моментално претставува преку 100 велосипедски тур-оператори во околу 70 држави.