Влегува некое дете во продавница и прашува:
– Тетке, имате тафе?
– Што, што е тоа?
– Ама тетке, тафе, тафе, тафе тафеаво!
А продавачката малку подналутена:
– Незнам што е тоа, ајде бегај одовде!
– Е да ми го јадите тулево! – рекло детето.
Продавачката се изнервирала:
– Магаре едно, бегај таму, како не ти е срам!
Детето на излегување рекло:
– Еее, тетке тетке!!! Туле знаете што е, а тафе не знаете!